Скопје ќе стане Амстердам – Се најавува легализација на маpихуаната во угостителството и туризмот

Како дел од поширок економски пакет, за кој е отворена дебата, е и легализација, односно декримимилизација на употребата на марихуана во угостителските места.  Во интервју за Дојче Веле на македонски јазик, премиерот Зоран Заев најави такво нешто. Како што вели тој, ова е се уште на јавна дебата и доколку се покаже дека општото јавно мислење е позитивно, тогаш ќе се премине во подготвување на законските рамки. На ова се размислува бидејќи во владата се убедени дека употребата на марихуаната во туристички цели ќе му помогне на туризмот во Македонија.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, зошто не, сериозно туристичко место, кафулињата постојни и нови, со одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив, по стандарди еднакви за сите, секој да може да аплицира. Верувам дека за мала земја може да донесе сериозен развој на угостителството, на туризмот и слично“, вели Зоран Заев во интервју за ДВ.