Градот ќе се украсува, но голем дел од општините се откажаа од новогодишните украси

Новогодишната еуфорија оваа година падна во сенка, здравствената ситуација ни наложни да не размислуваме на ова прашање. Речиси многу малку објекти низ градот може да се видат како се накитени, а уште помалку па граѓаните може да се радуваат на прославите кои ги имаме секоја година на неколку дена пред дочекот на новата година.

Нова Македонија реши да направи анкета во врска со ова прашање а ова се одговорите на граѓаните.

Некои сметаат дека е потребно новогодишно украсување за да се разбие монотонијата што ја донесе болеста и за да се разведрат мрачните лица на жителите, бидејќи речиси сите се замислени и тажни поради ситуацијата. Други, пак, велат дека сега не е потребен тој луксуз.

– Да, треба да има новогодишно украсување. Првенствено тоа е за нас, за ние да се разведриме, да се развеселиме, децата да ни се насмеат, развеселат. Уште и тоа ако го нема, тогаш каде се радоста и магијата на празниците? Сите почитуваме мерки, внимаваме, многумина од нашите сожители се разболеа, многумина од нив, за жал, повеќе ги нема но потребно ни е нешто што ќе ни го крене духот. Постојано сме преокупирани од лоши и негативни вести. Ништо убаво не можеме ниту на телевизија да погледнеме, ниту да прочитаме. Малку нека ни се внесе светлина во ова црнило – вели Благица Богоевска, жителка на Скопје

– Општина Центар со последниот ребаланс на општинскиот буџет донесе одлука средствата наменети за новогодишно украсување да ги пренамени за набавка на компјутерска опрема и преносни компјутери за основните училишта што се наоѓаат на нејзина територија. Оваа одлука е донесена со намера на училиштата и на учениците да им се обезбеди полесно и поквалитетно следење на онлајн наставата во услови на пандемија. Оттука, Општина Центар нема да организира културно-забавна програма за прославување на новогодишната ноќ – информираат оттаму.

Остатокот од текстот прочитајте го на Нова Македонија.