Connect with us

Инфо +

Кога и како граѓаните ќе можат да ги трошат 6000 денари од државата?

Published

on


Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Предлог законот стигна во Собранието, но не е ставен на дневен ред ни наредната недела. Во него стои дека лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на трансакциската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од  5 дена по влегување на законот на сила. Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши  уплатата, Генералниот секратаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални работи во рок од 12 дена.

За лицата пак,  кои ќе поднесат приговор, Ген секратаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките во рок од дваесет дена.

Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната Купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласување на законот.

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги. Помошта треба да се искористи  до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

Македонија

Општина Тетово: Наставата прекината поради дојави за бомби

Published

on

Општина Тетово, во соработка со СВР Тетово и надлежните институции, внимателно ја следи ситуацијата со дојавите за бомби во средните и основните училишта во градот.

Со целосен приоритет на безбедноста на учениците и наставниот кадар, донесена е одлука за привремен прекин на наставниот процес во сите образовни институции, сè додека надлежните органи не потврдат целосен мир и сигурност.

Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците на смиреност и воздржаност, бидејќи безбедносните институции активно работат на расчистување на ситуацијата и заштита на јавниот ред.

За сите дополнителни информации, јавноста ќе биде информирана навремено од надлежните органи.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Партнерски однос со централната власт за посилни општини

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на 24-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Средбата беше во согласност со Меморандумот за разбирање помеѓу ЗЕЛС и Владата, со цел редовно усогласување на финансиските политики за локалната самоуправа.

„Наш приоритет е да обезбедиме поголема финансиска стабилност на општините, зголемување на блок и наменските дотации, како и подобрување на распределбата на средства за надлежностите што ги презедовме од централната власт. Ова е во согласност со Европската повелба за локална самоуправа и ние инсистираме на нејзино почитување“, истакна Ѓорѓиевски.

Посебен фокус беше ставен на распределбата на средствата од Унгарскиот кредит, за што Ѓорѓиевски се заблагодари на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Исто така, беше отворено прашањето за зголемување на приходите на општините од споделените даноци, со барање персоналниот данок да се зголеми од 6% на најмалку 30%, а делот од ДДВ од 6% на 10%.

Во разговорите беше потенцирана и потребата од зголемени дотации за пожарникарството, образованието и детската заштита, бидејќи анализите покажуваат дека општините трошат повеќе средства од своите буџети отколку што добиваат преку постојните дотации.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази подготвеност за соработка и изнаоѓање заеднички решенија за сите предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи.

Continue Reading

Македонија

Апелација денеска го осуди Васил Јованов со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

Published

on

Апелациониот суд Скопје на нејавна седница одржана на 05.02.2025 година ја одби жалбата на обвинетиот Васил Јованов, додека ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје. Судот го преиначи решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, во делот на кривичната санкција, утврдувајќи нова казна затвор за обвинетиот.

Според пресудата, за кривичното дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, обвинетиот Васил Јованов ќе биде осуден на казна затвор во траење од една година. Додека за истото дело во продолжение, утврдено според член 215 став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик, ќе му биде изречена казна затвор во траење од три години. Како резултат на ова, Јованов е осуден на единствена казна затвор од три години и десет месеци.

Од Апелациониот суд информираат дека оваа одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Исто така, Судскиот совет ќе спроведе внатрешна проверка за евентуални пропусти во претходните судски постапки, особено во однос на 20-годишниот Васил Јованов, кој е осомничен за предизвикување на трагичната сообраќајна несреќа на пешачки премин во која загина Фросина Кулакова. Претседателот на Судскиот совет, Камбовски, најави формирање на комисија која ќе ги испита забелешките изнесени во јавноста.

Во исто време, Обвинителството ја проширува истрагата и врши проверки во однос на улогата и влијанието на родителите на Васил Јованов. Скопската полиција ќе ги истражи нивните можни инволвираности, вклучувајќи дали им давале пари за да точи гориво или ако знаеле дека нема возачка дозвола, зошто му дозволиле да го управува возилото.

Во минатото, Јованов беше вклучен и во друга сообраќајна несреќа, пред две години, за која се спогоди со оштетената, уплатил казна и избегнал кривична одговорност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк