Connect with us

Инфо +

Др Митов: Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух

Published

on

Според една неодамна објавена студија во научното списание Neurology, повозрасните жени кои јадат печена (во рерна или тава) или конзервирана риба, неколку пати неделно, можно е да внесуваат омега 3 масни киселини во количества кои би биле доволни за намалување на штетното дејство на загадениот воздух врз мозокот. Овие податоци се особено интересни за нас, бидејќи во зимскиот период живееме токму во ваква средина.

Истражувачите испитувале повозрасни жени кои живеат во региони со загаден воздух. По анализите, евидентно било дека волонтерките со утврдени најниски нивоа на омега 3 масни киселини во крвта, имале и најголемо атрофирање на мозокот или поголема загуба на мозочните клетки – неврони, во споредба со оние со повисоки омега 3 крвни нивоа.

Зошто токму омега 3 масните киселини се причината?

Рибата е одличен извор на омега 3 масните киселини и е лесна за додавање во исхраната.

Овој тип на масни киселини има антивоспалително дејство, го заштитува мозокот од оксидативно оштетување и на тој начин ја одржува постојана неговата структура со текот на стареењето.

Дополнително, омега 3 масните киселини можат да го заштитат мозокот и од невротоксините, како што се оловото и живата. Токму овој факт ги поттикнал научниците од споменатата студија да истражуваат во насока – Дали омега 3 киселините можат да придонесат и за заштитно дејство на мозокот од некои други невротоксини, како оние кои можат да се најдат во загадениот воздух, на пример?

Нешто повеќе околу студијата

Студијата вклучувала 1.315 жени, со просечна возраст од 70 години, без дијгностицирана деменција пред почетокот на истражувањето. Испитаничките пополнувале прашалници во врска со нивната исхрана, физичка активност и медицинска историја.

Повеќе на митров . мк

Македонија

Меџити: Корупцијата нема етничка припадност, ќе се бори безмилосно

Published

on

Првиот заменик премиер, Изет Меџити, гостувајќи во “КохаКаст” зборуваше за корупцијата и одговори на прашањата дали се клеветат Албанците додека за корупција се обвинуваат албанските политичари. Според Меџити, црната листа не ја прават Македонците, туку таму има и Албанци и Македонци, бидејќи корупцијата нема етнички граници.

„Американската црна листа не ја прават Македонците, таму има луѓе од сите етнички заедници. Затоа, не може да се каже дека борбата против корупцијата е насочена исклучиво против Албанците. Ние не постапуваме како властите во минатото, кои со камери апсеа Албанци. Ако ги погледнеме случаите кои се отворени за корупција, 70% од нив се поврзани со Македонци“, изјави заменик премиерот Изет Меџити.

Тој понатаму додаде дека кога Груевски и Мијалков беа обвинети за корупција, тоа не ги оцрни сите Македонци, туку само нив и нивниот круг.

„Никола Груевски и Сашо Мијалков беа на црната листа, но тоа не значеше дека сите Македонци се корумпирани. Критики беа насочени кон тоа раководство на ВМРО, тие минаа два мандата во опозиција и се реформираа, а денес се на власт. Сега не можеме да кажеме дека во Државната лотарија виновни се други, таму се Артан и Перпарим. Во енергетиката беше отворен случај и против Ковачевски, но тој не избега за да стане атракција. Таму има и луѓе од СДСМ“, заврши заменик премиерот Меџити.

Continue Reading

Инфо +

Николоски: Продуктивен ден во Будимпешта, економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Published

on

Продуктивен ден во Будимпешта

Денес во Будимпешта се сретнав со Балаш Орбан, политичкиот директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија Мартон Наѓ.

Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата, пишува Николоски во својата објава.

Continue Reading

Македонија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

Published

on

Во наредните недели ќе бидам дел од реномираниот тим на експерти во Универзитетската болница Коч, Истанбул, еден од најнапредните центри за лапароскопска и роботска абдоминална хирургија, соопшти Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи, кој сега работи на Клиниката задигестивна хирургија.

„Привилегија е да се биде дел од една од највисоките светски експертизи и да се донесе ова искуство на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, за дополнително да се подигне нивото на лекување и иновативност!“, напиша тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк