Connect with us

Инфо +

Др Митов: Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух

Според една неодамна објавена студија во научното списание Neurology, повозрасните жени кои јадат печена (во рерна или тава) или конзервирана риба, неколку пати неделно, можно е да внесуваат омега 3 масни киселини во количества кои би биле доволни за намалување на штетното дејство на загадениот воздух врз мозокот. Овие податоци се особено интересни за нас, бидејќи во зимскиот период живееме токму во ваква средина.

Истражувачите испитувале повозрасни жени кои живеат во региони со загаден воздух. По анализите, евидентно било дека волонтерките со утврдени најниски нивоа на омега 3 масни киселини во крвта, имале и најголемо атрофирање на мозокот или поголема загуба на мозочните клетки – неврони, во споредба со оние со повисоки омега 3 крвни нивоа.

Зошто токму омега 3 масните киселини се причината?

Рибата е одличен извор на омега 3 масните киселини и е лесна за додавање во исхраната.

Овој тип на масни киселини има антивоспалително дејство, го заштитува мозокот од оксидативно оштетување и на тој начин ја одржува постојана неговата структура со текот на стареењето.

Дополнително, омега 3 масните киселини можат да го заштитат мозокот и од невротоксините, како што се оловото и живата. Токму овој факт ги поттикнал научниците од споменатата студија да истражуваат во насока – Дали омега 3 киселините можат да придонесат и за заштитно дејство на мозокот од некои други невротоксини, како оние кои можат да се најдат во загадениот воздух, на пример?

Нешто повеќе околу студијата

Студијата вклучувала 1.315 жени, со просечна возраст од 70 години, без дијгностицирана деменција пред почетокот на истражувањето. Испитаничките пополнувале прашалници во врска со нивната исхрана, физичка активност и медицинска историја.

Повеќе на митров . мк

Advertisement

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Балкан

Косово доби моќно оружје

Косово го примило германскиот противтенковски систем „Панцерфауст 3“ како дел од билатералната безбедносна соработка, објавија косовските медиуми. Испораката има за цел зајакнување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и нивна постепена модернизација во согласност со стандардите на евроатлантските партнери.

Косовските власти потенцираат дека системот ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука. „Панцерфауст 3“ е еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии. Договорот со Германија се оценува како дополнителен доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг