Connect with us

Инфо +

„Тие на смpтно болни кревет во болница не им даваат, Скопје и Охрид Амстердам ќе го правеле!“

Published

on

ие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Амстердам ќе го клонираат. Како ви текна еј?, коментира на фејсбук Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар Скопје.

Во последен период по социјалните мрежи роднини и пријатели на пациенти заразени со ковид-19 пренесуваат потресни сведоштва за она што го преживуваат во болниците и ковид-центрите низ Македонија.

Ако имаш над седумдесет и ковид, нема кревет за тебе во болница. Можеш комотно да умреш на улица. Оние пак, кои лежат таму добиваат список за лекови кои мораат сами да ги купат. Важно војска мобилизиравте. Зошто бе? Да им ги скратува маките на оние што умираат по улици? Тоа е, кој има пари може да легне во приватна болница за 12 илјади евра, десетднневен пансион, ол инклузив. По останатите трча гробарот со лопатата. И сетне, ви светна генијална идеја да легализирате марихуана. Амстердам ќе правеле од Охрид и Скопје? Тие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Амстердам ќе го клонираат. Како ви текна еј?
Откако прво, илјадници копиљаци навлековте на покер автомати, сега ќе им дозволите и да дуваат додека лупаат по автоматот, да им биде полесно кога ги губат платите на нивните родители Создадовте монструм од неорганизирана, нехумана, асоцијална и несолидарна држава, а не место за живот. Тотален распад по хоризонтала и вертикала. И да го прашам уште ова Филипче, ако може? Маските што носиме по улици, дадоа некој резултат? Изгледа ЈОК. Знаеш зошто?
Зашто не сте доследни во ништо. Додека на улица казнувате луѓе зашто не носат маска, дури и да шетаат сами, во кафаните врие од пијани будали кои се гушкаат по маси, се љубат и си се издераваат у фаца: Еј брат знаеш ли колку те сакам!
И мува не ве лази за фијаското на вашите антиковид протоколи и системот. Вие сте дефиниција за психопати, пишува Тасевски.

Македонија

Агриа додели четири стипендии на најталентираните ученици и студенти во Општина Велес

Published

on

[Велес, 27.12.2024] -– Компанијата Агриа, како долгогодишен партнер на Општина Велес и поддржувач на образовниот развој, додели четири стипендии на најуспешните ученици и студенти за учебната 2024/2025 година.

 

Стипендиите за средношколци се доделени на двајца ученици, еден од Гимназија „Кочо Рацин“ и еден од ОСУ „Димитрија Чуповски“. Стипендиите за студенти, исто така, се доделени на двајца, едниот студент на медицина, а другиот на факултет за фармација. Добитниците на стипендии се избрани врз основа на постигнатиот успех, заложбите и амбициите за понатамошно образование.

 

Финансиската поддршка ќе се доделува месечно во времетраење од 9 месеци и ќе ги покрива материјалните потреби на учениците односно студентите.

 

Оваа активност е дел од континуираната соработка помеѓу компанијата Агриа и Општина Велес, а која успешно се спроведува веќе четврта година по ред. Компанијата планира и во иднина да инвестира во млади таленти и да го зголемува бројот на стипендии.

 

„Континуираната инвестиција во образованието претставува еден од темелите за одржлив развој на нашето општество. Доделувањето на овие стипендии е наш начин да покажеме дека ги препознаваме и поддржуваме трудот и талентот на младите луѓе,“ истакнаа од Агриа.

 

Компанијата Агриа останува посветена на својата мисија за поддршка на образованието и создавање можности за младите да го реализираат својот потенцијал.

Continue Reading

Македонија

Минчев ќе го укине Инспекцискиот совет за да заштеди 255.000 евра годишно

Published

on

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска најави укинување на Инспекцискиот совет, што, според него, ќе заштеди на државата 255.000 евра годишно. На прес-конференцијата за презентација на досегашните резултати од својата работа, Минчев го претстави овој потег како почеток на големите реформи во јавната администрација, со цел нејзина трансформација во вистински сервис за граѓаните.

Минчев истакна дека 11-те вработени во Инспекцискиот совет нема да ги загубат работните места, бидејќи ќе бидат прераспределени во Министерството за јавна администрација. Сепак, седумте членови на Управниот совет, кои добивале надоместоци од 2.000 до 2.500 евра за само два состанока месечно, ќе останат без ангажман, што ќе ја овозможи најавената заштеда. Министерот додаде дека ова е само првиот чекор во укинувањето на непотребни функционерски позиции, но не даде конкретни информации за следните чекори.

Инспекцискиот совет беше предмет на жестоки критики пред изборите, бидејќи неговите членови беа назначени од СДСМ и ДУИ, со обвинувања за корупција и незаконитост. Новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите месеци презема мерки за трансформација на државните институции, со укинување или спојување на тела и агенции, со цел да ги намали трошоците и да избегне обвинувања за партизација.

Министерот зборуваше и за Балансерот, оценувајќи дека пред неговото воведување имало поголем број вработувања од редот на етничките малцинства, отколку откако системот започна да се применува во 2015 година.

Во однос на намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и нивното префрлување во приватниот сектор, Минчев рече дека оваа можност сè уште се разгледува. Тој нагласи дека има дефицит на кандидати кои конкурираат за работа во администрацијата, пред сè поради ниските плати.

„Не можете да вработите ИТ-инженер во јавната администрација и да му понудите почетна плата од 450 или 500 евра, кога истиот професионалец може да заработи околу 2.000 евра работејќи од дома,“ изјави Минчев. Според него, платите во јавната администрација мора да бидат повисоки, и затоа од 1 март се планира зголемување на просечната бруто-плата за 8%. Заклучи дека јавната администрација не е обврзувачка опција за никого, и секој што сака, може да премине во приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

РАЗРЕШЕНА МИЛКИЈЕ ХАЛИМИ, повеќе не е директорка на „Аеродроми“

Published

on

Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк