Connect with us

Инфо +

Дедо Љупчо: „Нека дојде мене нека ми раскаже дека не биле Бугарите окупатори“

Published

on

„Татко ми беше бербер. Во тоа време по затворање на дуќаните, занаетчиите се собираа пред Нама во центарот, на градскиот плоштад. Поминала рација од бугарските окупатори и ги собрала сите занаетчии. Меѓу нив и татко ми. Мајка ми даде многу пари за да стигне до генерал Бојдев за да го пуштат татко ми. Откао даде пари и дозволија да се жали кај генерал Бојдев. Отидоме кај генерал Бојдев јас, мајка ми и сестра ми. Ние бевме деца.

Никогаш нема да го заборавам ова. Додека чекавме излезе официер и удри еден шамар на мајка ми. Ние почнавме да плачеме, деца. Во тој момент излезе генерал Бојдев и праша што се случува. Офицерот му вика „таа е жена на шумка“, на партизан. Генерал Бојдев ја праша како се вика татко ми. Таа кажа име и презиме и ѝ вика: „оди дома ќе го одвлнеме“. Го пуштаат после 3-4 дена. Сега каде што е собранието, карши, кај споменикот. Таму го пуштаат.

Не може да згази на стопалата од што е тепан по нив. Не можеше да дојде дома, со пајтон го донесоа. Се по табани тепан. Од тоа умре. Се со штаки одеше. Прво воопшто не можеше да оди. После месец лечење застана на нозе, но не можеше самостојно да оди. Наскоро умре. Бојдев го уби татко ми.Сега Заев ќе каже дека не биле окупатори, дека биле администратори. Какви администратори. Тој шамар што мајка ми го доби уште ме боли. Нека дојде мене нека ми раскаже дека не биле Бугарите окупатори. Го слушам и не ми се верува што зборува. Зарем на нас, живите сведоци од тоа време може да ни раскажува што биле Бугарите и што му правеле на македонскиот народ?! Јас него можам да му раскажам, не тој мене“.

Македонија

ВАЖНО Известување од Ски центар Попова Шапка

Published

on

Почитувани посетители,

Апелираме за време на викендот да не ги паркирате возилата на коловозна лента бидејќи пајак службата на општина Тетово во соработка со СВР – Тетово ќе бидат присутни за регулирање на сообраќајот. Од вечерва возилата што ќе бидат непрописно паркирани на коловозна лента ќе бидат отстранети и ќе се превземат соодветни законски мерки.

Ви благодариме за соработката!

Continue Reading

Македонија

Празнична магија: Битола како зимска метропола

Published

on

Широк Сокак блеска во празнична атмосфера

Со празнични светилки, раскошни елки и топла енергија, Битола оваа година го привлекува вниманието како зимска метропола. Широк Сокак, срцето на градот, е претворен во магична сцена која ги плени и локалците и посетителите.

Гордост и заедништво кај битолчани

Празничното украсување го поттикна чувството на гордост кај локалното население, кое масовно се вклучува во активностите: од организирање на концерти до учество во новогодишни базари.

Битола оваа зима е повеќе од град – таа е вистинска празнична бајка!

Continue Reading

Скопје

Едногласно донесен буџетот на Кисела Вода, низа инвестиции и поволности за граѓаните

Published

on

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

Едногласно, со поддршка од сите советници, Советот на Општина Кисела Вода денес го усвои Предлог-Буџетот за 2025 година. Се работи за највисокиот буџет досега и изнесува над 1.52 милијарди денари.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

-Со гордост можам да кажам дека Кисела Вода испишува историја со овој буџет, кој не само што ги задоволува потребите на граѓаните, туку е и плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот “Мојот народ одлучува, буџет 2025”. Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се: патна инфраструктура и подземни решенија, урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“, изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина…

Дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионерите и субвенции за возачки дозволи за матурантите. Овој буџет покажува дека заедно можеме да ги решиме најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Седницата на која беше изгласан Буџетот за 2025 година, за првпат имаше толкувач на знаковен јазик.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк