Доктор и медицинска сестра воделе љубов во ковид болница

Романската јавност останала вчудоневидена откако било објавено дека доктор и медицинска сестра, вработени во ковид болница, воделе љубов во внатрешноста на самата установа за време на паузата за ручек.

Како што пренесуваат медиумите од Романија, тие во текот на паузата, но за време на работно време, покрај одделението со најтешки случаи на заразени од Ковид-19 го имале своето „љубовно гнездо“.

Димитри Виенеск, директор на болницата изјавил дека покренал истрага која што треба да трае до 27-ми ноември.

Во анонимниот мејл кој што го добила болницата наведено било дека двајцата вработени правеле „мини забави“ во текот на своите средби, пренесува порталот „3минути“.

Извор и повеќе https://tocka.com.mk/vesti/360772/doktor-i-medicinska-sestra-vodele-ljubov-vo-kovid-bolnica-go-pravea-toa-vo-tekot-na-pauzata-za-rucek