Connect with us

Инфо +

Измени на законот за данок на имот: Тројно повисоки давачки за втор стан и трета куќа

Published

on

Според сегашниот закон граѓаните плаќаат данок од 0,1 до 0,2% од пазарната вредност на станот. Ако живеат во него, тогаш данокот се намалува за 50%. Доколку не живеат, или имаат деловен простор кој не го користат, тогаш ја плаќаат целата сума.

Со новите стапки кој ги најави Заев, сумата ќе биде три пати повисока. Целта е драстично да се зголеми данокот на имот за сите кои поседуваат недвижности, а не ги користат, вклучително и земјоделското земјиште, како и државниот имот.

За дел од економските експерти мерката е популистичка и нема да донесе повеќе пари во буџетот. Економистот Горан Рафајловски, вели дека ако државата навистина сака да го наполни буџетот, најпрво и единствено треба да ја сузбие сивата економија.

„Ова ќе биде уште едно катастрофално решение, како што беше решението за 18% за поголем данок на добивка. Или кратко кажано, тие што плаќаат тие се во систем, тие имаат повеќе имот. Јас се сложувам дека треба повеќе да плаќаат. Секој што не користи треба да го плати, па дури и целиот данок наместо да не го користи, целиот да се зголеми за некоја ситна процентна стапка, но добро да се пресмета. Но, сакате вистински 1 милијарда да донесете во каса, треба сериозно да седнете и да го работите она за што ве изгласале, барем во економскиот дел.“ изјави Горан Рафајловски, економист

Предлогот изминатата недела требаше да помине на владина седница, но од Владата велат дека е вратен на доработка и би требало да се најде на некоја од наредните владини седници.

Македонија

Мицкоски за Коцевски: Му дадовме шанса, добивме стотици истраги, а кога треба налог за апсење обвинители добиваат треска и грчеви

Published

on

Продолжуваат обвинувањата на релација Влада – и дел од судската и обвинителска фела. Премиерот Мицкоски денеска повторно со критики за државниот обвинител Љупчо Коцевски – му дадовме шанса, но добивме стотици истраги и процеси кои се опструираат од обвинители. Изјавата на премиерот доаѓа откако вчера Коцевски рече дека обвинувањата кон Обвинителството се неосновани. Мицкоски од понеделник најави и робусна акција во која судии и обвинители ќе треба да сносат одговорност за своите противзаконити дејствија. 

Continue Reading

Македонија

Коњановски на терен со зимската служба во Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен заедно со екипите на зимската служба кои активно работат на расчистување на снегот од патиштата во повисоките села на општината.

„Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен,“ изјави Коњановски.

Со оглед на обилните врнежи од снег, локалната самоуправа ја активираше зимската служба со цел да обезбеди пристапност до сите населени места, особено до оние кои се соочуваат со потешкотии поради неповолните временски услови.

Градоначалникот потенцира дека општината е подготвена да се справи со снежните услови, а службите остануваат во состојба на постојана мобилност додека трае потребата.

Жителите на повисоките села во Битола ги поздравија напорите на екипите и локалната власт за брзата реакција и ангажманот за одржување на проодноста на патиштата.

Continue Reading

Балкан

Голема полициска акција во северно Косово по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец

Published

on

Голема акција на силите на косовската полиција се одвива претпладнево во повеќе куќи во селото Варага кај Зубин Поток, во северно Косово, каде што синоќа се случи експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

– Во тек е полициска рација и засега не можам да кажам ништо повеќе, кратко изјави Елшани.

Засега нема информации дали во акцијата има уапсени лица или е пронајдено оружје.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и косовската полиција го оценија како терористички чин синоќешниот напад, по кој останаа без вода неколку градови во Косово, како и електраните Косова А и Косова Б, кои ја кристат водата од каналот за ладење на турбините. Косовските власти за нападот ја обвинија Србија, од каде, според нив, дошле криминалците што го извршиле овој, како и претходните напади оваа недела со рачни бомби врз полициската станица и објектот на општината Звечан.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк