Болница „вработила“ весело куче да ги поздравува персоналот и пациентите

Кучињата се голем и важен дел од животот на луѓето уште од почетокот. Според истражувањата, тие живеат со луѓето повеќе од 10.000 години.

Во денешно време милиони луѓе не можат да го замислат својот живот без ова милениче покрај нив, а според истражувањата направени во Канада, околу 83% од сопствениците сметаат дека нивните миленици се полноправни членови на нивното семејство.

Кучињата се поврзани со пониско ниво на стрес, вознемиреност и осаменост.

Во последно време, многу болници се обидуваат да ги искористат позитивните ефекти од кученцата врз луѓето „ангажирајќи ги“ за да ги утешат вработените и пациентите за време на стресни периоди.

Па така, медицинскиот центар Векснер на Универзитетот во Охајо, ангажираше едно куче, а неговата работа е да ги поздравува пациентите. Лекар од болницата по име Шари Дунавеј сподели негова фотографија на Твитер и доби еден куп позитивни коментари.

„Колку и да му плаќате, тоа не е скоро доволно“, додаде друг.

Овој твит ги инспирираше другите да споделат повеќе слики од ‘меки вработени’ во болницата.

Кучињата волонтери веќе се широко користени во заедницата. Тие можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од осаменост правејќи им друштво во моменти кога им е најпотребно – објаснува Ема Хамет, медицинска сестра и пишува Bored Panda.