Кој добил картичка „Купувам домашно“, сега нема да добие 6.000 денари на сметка

Законското решение со кое ранливи категории граѓани ќе добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка и ќе можат да ги користат со нивната дебитна картичка ќе биде изгласано во Собранието наскоро, уверуваше заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. Тој викендов рече дека законот ќе биде изгласан по скратена постапка. Како што веќе пишувавме овие пари ќе можат да се потрошат до 25 декември годинава. Она што е важно и е дефинирано во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава.




Овој пат по 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник.

Повеќе на фактор. мк