Маска да се носи и поради загадениот воздух, а полицијата да биде по ригорозна

Загадениот воздух и натаму проблем за граѓаните. Последниве денови дел од градовите низ Македонија повторно се најдоа на врвот од светските листи по загаденост. Екологот Африм Османи вели дека дури за два пати е поголем бројот на починати лица по добиени болести од загаден воздух, отколку од коронавирус.

Решението го гледа во воведување на карантини во градовите каде во континуитет има зголемен број на ПМ10 честички во воздухот.

„Која е логиката за 1600 починати да се воведе карантин, вонредна состојба, а да се занемарува тоа што 3 илјади лица годишно умираат од аерозагадување. Во целина ова го земаме несериозно.“, вели професорот Африм Османи.

Професорот Османи вели дека полицијата како што казнува за неносење маски исто треба да казнува и за загадување на воздухот.

„Анти-ковид мерките се носење маска како што е случајот со носење маска поради аеро-загадувањето. Потоа е сообраќајот кој е еден од главните фактори за загадување, треба да има рестрикции во сообраќајот и на крајот зошто да не и карантин на населението воопшто.“, рече Османи.

Повеќе на : https://novatv.mk/maska-da-se-nosi-i-poradi-zagadeniot-vozduh-a-politsijata-da-kaznuva-baraat-ekologistite/