500 евра награда за луѓето кои го pизикуваа својот живот за да извадат 12 300 гpанати

Утре завршува акцијата за ископување на Артилериските гранати од Првата светска војна, кои се појавија при градежните активности околу стадионот под Тумбе Кафе. До денес извадени се 12.300 парчиња или 110 тони товар. Во меѓувреме синоќа владата на предлог на премиерот Зоран Заев, донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 те пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување заради нивниот посебен ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на гранатите. Ова го потврди денеска и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути .

Тој додаде дека е во комуникација со амбасадите на земјите кои имале војски тука во Првата светска војна, како и со амбасадата на САД, за да не се вадат неексплодирани убиствени средства само ад хок, туку да се направи широка акција за детектирање и отстранување на сите останати бомби.

Акцијата за отстранување гранати во Битола заврши. Се извадија 12.300 париња или 110 тони.