Работодавачите МОРА да исплатат К15: КАЗНИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕМА ДА ГО СТОРАТ ТОА!

До крајот на 2020, вработените во приватниот сектор, треба да добијат К-15, односно регресот за годишен одмор, а минималниот износ за оваа година е 10.884 денари. Сепак оние кои ќе прикажат загуба не се обврзани да исплатат К 15. Тоа значи дека фирмите  кои биле пријавени за добивање државна помош поради ковид пандемијата не мора да исплаќаат регрес за годишен одмор.

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци,  изјави Зоран Заев, кон крајот на септември, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа.

Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ – рече Заев.

Инаку сумата за исплата на К 15 е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.

За работодавачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат гпарични казни до 4.000 евра.