МВР потврди: Досега фатени 7.306 возачи без возачка и 5.829 нерегистрирани возила



МВР потврди: Досега фатени 7.306 возачи без возачка и 5.829 нерегистрирани возила


Веќе неколку месеци полицијата спроведува засилени акции во сообраќајот казнувајќи ги оние што не ги почитуваат прописите. Сега министерот Оливер Спасовски објави дека во изминатиот период намален е бројот на сообраќајни незгоди и зголемена е безбедноста на патиштата. Од МВР споделија и бројки за тоа колкумина досега биле казнети и за кои прекршоци.

Од започнување на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43.170 санкции од кои:
* 7404 за пречекорување на ограничувањето на брзина на движење,
* 615 за поминување на црвено светло,
* 7306 за управување без возачка дозвола,
* 5829 за нерегистрирани возила,
* 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.

Само на територијата на град Скопје во текот н авчерашниот ден се изречени вкупно 435 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 81 санкција, 41 мерка за нерегистрирани возила, 15 санкции за технички неисправни возила за јавениот превоз, 8 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 мерки за некористење сигурносен појас, 17 санкции за користење на мобилен телефон, 36 мерки за непрописно паркирани возила, и 31 санкција за неносење заштитна маска.