2.000 евра казна за институциите кои нема да примат рамковен административец

Институциите и државните и јавни претпријатија ќе треба да ги усогласат и работните места и организација на работа со планот за примање на административците што ќе им ги понуди Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, општините и акционерски друштва во државна сопственост ќе треба да ја усогласат систематизацијата на работните места и внатрешната организација за да ги исполнат обврските кои ги носи за нив предлог законот за распределба на рамковно вработените администратвци кои досега седеа дома и земаа плата.

Законот е во собраниска процедура и треба да се донесе во скратена постапка.