Connect with us

Инфо +

Кога губиме родител како деца, сфаќаме дека животот не е лесен

Published

on

Како што растеме, сфаќаме дека целиот товар лежи на нивните рамења. Гледаме дека воопшто не  е лесно и дека често не сфаќаме колку е тешко да се биде родител и одговорен за сè. Не е лошо, но тешко е и комплицирано и едноставно не можеме да објаснуваме секому што се случило и во туѓите очи да гледаме сожалување. Не го сакаме тоа. 

Се прашуваме дали сме поинакви и што е поинакво? 

Ние имаме само еден родител на кого можеме да се пожалиме за тешкиот ден, една личност со која можеме да појдеме во парк и едни изморени очи кои се трудат да ни помогнат околу домашната работа. Еден родител кој нèбакнува пред спиење и кој со мил глас нè буди наутро. Ги цениме сите тие моменти, сакаме да помогнеме, но не можеме да ја игнорираме истоштеноста и тагата во нивните очи.

Кога губиме родител додека сме деца, многу брзо учиме дека животот не е бајка. Знаеме дека не можеме да пцуеме и да ја обвинуваме судбината до крајот на денот, но тоа нема да смени ништо. Нема ја врати личноста која ни недостасува во нашиот живот. Наместо тоа, учиме да бидеме независни и да престанеме да идеализираме. Тоа остава трага во нашите животи која потоа влијае на сите наши односи во животот, не можеме против тоа. 

Си велиме дека другите деца се посреќни, дека нивните животи се поубави иако секогаш не е така. Не можеме да го претпоставиме тоа, но никогаш не престануваме да се прашуваме зошто јас, зошто моето семејство, зошто нашиот дом?

Кога губиме родител, брзо учиме колку е кревок животот и колку лесно можеме да изгубиме некоја личност – во еден ден, во еден миг. Учиме како да ги цениме тие што се тука покрај нас, учиме да се грижиме за нив и да се грижиме за себе.

Кога губиме родител кога сме деца, во еден миг го губиме своето детство. Стануваме возрасни луѓе кои знаат што е тага, што е болка, што е загуба. 

Кога губиме родител, губиме дел од себе. Засекогаш. 

Извор: https://skopjeinfo.mk/koga-gubime-roditel-dodeka-sme-deca-brzo-sfakjame-deka-zhivotot-ne-e-bajka

Македонија

Екс обвинителот Димоски вечерва раскажа случка која ја стаписа Македонија: Условно осудија 20 годишник, неколку години подоцна…

Published

on

Бев тазе избран обвинител. Дента завршивме судење, а обвинетиот според сите докази им имаше овозможено на неколку негови врсници да употребат хероин кој претходно тој го набавил. Сите имаа по едвај дваесет години. 

Неколку дена откако ја примив пресудата со која обвинетиот доби условна казна, на врата ми дојде една жена која се претстави како негова мајка. Побара од мене да не сум се жалел за пресудата. Детето било добро и ова било некаква завера против него. Ја испратив со совет да ги отвори очите и да не му верува премногу на нејзиниот син.

Апелација ја потврди условната пресуда.
Неколку години подоцна, на дежурство полицијата ме извести дека истиов овој, откако не му дала пари за да купи дрога, си ја завиткал во тепих едвај подвижната баба, го полил со бензин тепихот и го запалил.

Еден колега, Бог да го прости, секогаш велеше дека најтешко од се е да бидеш добар родител.

Тежината се состои во одбирањето на размерот помеѓу гушкањето и строгоста!
Бог да нѝ помага на сите!

(ФБ статус на поранешниот обвинител од Охрид, Воислав Димоски)

Continue Reading

Македонија

ИСТАТА СУДИЈКА ШТО ГО ОСЛОБОДИ ВАСКО САКАШЕ ДА ЈА ЗАТВОРИ ВМРО-ДПМНЕ Таа беше носител на неправдата во случајот „Талир 2“

Published

on

„Во притвор денеска треба да биде и оваа судијка, која одработувала политички. Додека не бидат исчистени сите вакви од судовите, нема да има доверба“, пишува Димче Арсовски на Фејсбук.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска, за која денес читаме дека прифатила ургенција на поранешен министер во одбрана по партиска линија (СДСМ) да го ослободи деликвентот што сега направи убиство со моторно возило, „иако претходно требало по секој основ наместо позади волан да биде позади решетки“, е истата судијка која „од политички побуди тргна да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ како партија“.

Ова го тврди Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека истата судијка е „носител на неправдата“ во случајот „Талир 2“.

Арсовски судијката ја смета за одговорна за убиството на младата Фросина Кулакова.

„Во притвор денеска треба да биде оваа судијка, која одработувала политички. Додека не бидат исчистени сите вакви од судовите, нема да има доверба“, пишува Арсовски.

Ова е неговиот пост на Фејсбук:

https://www.facebook.com/share/1F9ffB3Jai/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Published

on

Ве известуваме дека на 01.02.2025 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, соопштија од македонската влада.

Исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и една градинка, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства (ул. 13 Бригада населба Драчевиќ, Општина Кочани).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк