,,Црвените фенери‘‘ со 3 часа перформанс во Универзална испратија порака – Амстердам во Скопје?

Со тричасовен перформанс во Универзалната сала сексуалните работнички го донесоа Амстердам во Скопје. Овој перформанс има за цел да ја зголеми свеста за секуалната работа, но и за нејзина правна регулација.

-Легализацијата не е најпосакуваниот модел помеѓу сексуалните работници затоа што тој модел во целост не ги почитува човековите права на сексуалните работници. Затоа ние се залагаме за декриминализација односно отргнување на сите членови кои кривично ја санкционираат сексуалната работа, вели претседателот на здружението Стар Стар, Борче Манев Божинов.