Connect with us

Инфо +

Тетовчанка преку апликација си префрлила 500 илјади денари од трансакциска сметка на познаник

Published

on

Триесет и деветгодишната Е.С. од Тетово заработи кривична пријава поради основи за сомнение за кражба.

Таа во неколку наврати од трансакциска сметка на свој познаник си префрлала пари на сопствената сметка.



Како што информира тетовската поилиција, во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518 000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.

Балкан

И БОРИСОВ МУ СЕ НАФРЛИ НА МИЦКОСКИ „Апсолутна провокација, не треба да се обрнува внимание“

Published

on

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација, бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговори, вели претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја оцени како апсолутна провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со впипувањето на Бугарите во македонскиот устав.

– Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација. Не треба да им се обрнува внимание. Тие можат да го прават тоа – рече Борисов.

Борисов додаде дека бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговорило на провокацијата.

На изјавата на Мицкоски вчера реагираше и претседателот на Има таков народ, Слави Трифонов, кој порача дека „сите оние, предводени од Мицкоски, преку криви макарони ќе ја видат Европската Унија“.

Премиерот Мицкоски вчера одговарајаќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека суштинското прашање е зошто во Македоника, каде има околу 700-800 Бугари, кои декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со 8.000 Бугари според бројките од пописот, го нема тој услов.

Continue Reading

Свет

Реакција на Фондацијата за Отвореното општество: Лажни се тврдењата дека се финасираме од УСАИД

Published

on

Отвореното општество е гордо што стои како сојузник на заедниците ширум светот во нивните борби за права и правда. Ние сме транспарентни во однос на нашите вредности и нашата работа.

Тврдењата дека Фондациите за Отворено општество, основани од Џорџ Сорос, добиваат финансии од USAID или ја насочуваат финансијата на мулти милијардерска агенција на американската влада, се јасно невистинити. Овие обвинувања се дел од поширок напор за поткопување на меѓународната развојна работа и дегламатизација на независното финансирање на цивилни општествени организации ширум светот, велат од Фондацијата за Отвореното општество.

„Отвореното општество е приватна фондација која ги поставува своите приоритети, донесува свои одлуки за финансирање и користи свои средства. Соработуваме со широк спектар на донатори кога приоритетите се совпаѓаат, вклучувајќи други хуманитарни организации, влади и мултилатерални развојни агенции. Отвореното општество е гордо што стои како сојузник на заедниците ширум светот во нивните борби за права и правда. Ние сме транспарентни во однос на нашите вредности и нашата работа.“, се вели во нивната реакција.

Continue Reading

Балкан

Бугарското МНР со остра реакција на изјавите на Мицкоски: Прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија не е билатерален спор

Published

on

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување и остро ги осудува најновите изјави на премиерот на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски. Овие изјави, според бугарската страна, ја искривуваат реалноста и ги поткопуваат напорите за добрососедски односи и европска интеграција.

Во соопштението се нагласува дека прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија не е билатерален спор, туку прашање што се однесува на европските вредности и стандарди. Напредокот во евроинтеграциите, според Бугарија, е можен само доколку Северна Македонија целосно го спроведе Европскиот консензус договорен од Советот на ЕУ во 2022 година, кој вклучува и измени на македонскиот Устав.

Бугарското МНР потсетува дека голем број граѓани на Северна Македонија стекнале бугарско државјанство, прифаќајќи бугарски корени и идентитет.

На крај, Министерството ги повикува македонските власти да се воздржат од реторика што создава поделби и омраза и да се фокусираат на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, вклучително и заштитата на правата на сите етнички заедници во земјата. Бугарија смета дека само преку искрен дијалог и взаемна почит е можен заеднички напредок во рамките на обединета Европа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк