СЗО:Ако се собирате за празниците носете маски во собата или седете надвор

Светската здравствена организација советува за време на празниците да се слави на отворен простор или пак да носат маски во добро проветрен затворен простор.

Советите, објавени на веб-страницата на СЗО заевропскиот регион, опфаќа широк спектар на прашања поврзани со зимската рекреација и празниците, вклучително и дали да се направи пауза за скијање и сезонски прослави, објави британскиот весник „Гардијан“.

Забележувајќи дека луѓето едвај чекаат да се соберат и да размислат за невообичаената и тешка 2020 година, СЗО предупредува дека собирањето луѓе од сите возрасти, вклучувајќи ги и семејството, верските групи и пријателите, носи значителен ризик од зголемен пренос на заразата за време на претстојната празнична сезона.

СЗО предлага додека заедниците низ Европа одмеруваат дали да организираат верски поворки, празнични пазари и црковни прослави, треба да се разгледа одложување или намалување на јавните настани.

Исто така, се препорачува, без оглед на локацијата, верските служби да се одржуваат на отворено секогаш кога е можно или да бидат ограничени по големина и времетраење.