Connect with us

Инфо +

Филипче: Апелирам денешниот празник да не се прославува со традиционални собири

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче апелира граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, да не се групираат во домовите за да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

– Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати.

Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници – рече Филипче.

Инфо +

ЕВН: Прекин во Снабдувањето со Струја за Некои Градови и Села во Македонија

Published

on

На 08.11.2024 (петок), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во прилог. Ве известуваме дека поради реализација на овие инвестициони зафати, насочени кон подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Continue Reading

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски: Преку 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонија

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, објави значајна инвестиција од над 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонискиот регион. Оваа инвестиција опфаќа реконструкција на трафостаницата Битола 2, која се очекува да заврши овој месец. Со нејзиното завршување, ќе се подобри стабилноста на електричната мрежа и ќе се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија за компаниите и граѓаните.

„Инвестираме во иднината на Македонија, за развојна и економски силна земја,“ изјави министерот Николовски, истакнувајќи дека оваа инвестиција ќе има долгорочни придобивки за економијата и за секојдневниот живот на граѓаните во регионот.

Continue Reading

Македонија

Министерот за правда, Игор Филкив, во работна средба со Академијата за судии и јавни обвинители

Published

on

Министерот за правда, Игор Филкив, се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, и заменик директорот, Илир Исени. Средбата се одржа во духот на конструктивен дијалог, каде што се дискутираа предизвиците со кои се соочува Академијата, како и решенијата кои ќе овозможат подобри просторни услови и зголемени капацитети за обука на идните судии и обвинители.

Една од централните теми беше потребата за оптимизација на роковите за полагање испити, со цел процесот да стане побрз и поефикасен. Ова би им овозможило на кандидатите побрзо да го завршат обуката и полесно да пристапат до своите нови улоги.

Министерот Филкив потенцира дека министерството ќе продолжи да работи во тесна соработка со Академијата, со фокус на размена на искуства и ресурси, кои ќе придонесат кон создавање на иновативни и современи програми за обука. Новите програми ќе бидат дизајнирани така да ги одговорат на реалните потреби на правосудниот сектор и да го зголемат професионализмот и ефикасноста на идните судии и обвинители.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк