Пензионерите кои починале по 27 септември имаат право на 100 евра државна помош


Пензионери кои починале во последните три месеци од годината се најдоа на списокот на граѓани кои добиле државна помош од 100 евра за купување домашни производи. Семејствата на овие лица се изненадени и не знаат што треба да направат. Дали да ја искосистат помошта од Владата или да ги вратат парите назад.

Од Владата не негираат дека овие пензионери се на списокот бидејќи според Законот, помошта се дава за периодот јануари-август 2020 година, односно заклучно со 27 септември годинава, па според тоа на починатите пензионери по овој датум не им се одзема правото за помош, средствата остануваат на семејството.

Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска, вели дека Фондот го има доставено списокот на пензионери кои биле живи и ја остариле пензијата заклучно со 27 септември 2020 година како што е предвидено со Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход.

Повеќе на инфо плус