„Нашите срца чукаат за вас“, порачуваат комити и донираат за лица со социјален ризик

„Комити Скопје“ и оваа година ја реализираа  хуманитарната активност „Подари срце – Измами насмевка”  во чии рамки собраа и донираа повеќе од стотина пакетчиња на лица со социјален ризик.

Хуманитарните пакетчиња оваа година се наменети за Центарот за бездомници  во Чичино Село, Малите групни домови за деца без родители „25 мај“, Клиниката за детски болети, Асоцијација за правата на децa и младинци со посебни потреби „Ластовица“ и Центар за бездомници – Визбегово.

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници тие продолжуваат со хуманитарни активности, следна на календарот е Крводарителната акција закажана за Вторник, 29-ти Декември во Даре Џамбаз.

Срцата наши за вас чукаат, порачуваат „Комити Скопје“.