Новиот вид на коронавирус пронајден кај две лица во Норвешка

Патниците, кои не се идентификувани, дошле во Норвешка во средината на декември, а здравствените работници ќе ги следат нивните контакти.

Новиот вид на короанвирус е детектиран кај две лица кои допатувале во Норвешка од Велика Британија, соопшти денес Норвешкиот институт за јавно здравје.

Патниците, кои не се идентификувани, дошле во Норвешка во средината на декември, а здравствените работници ќе ги следат нивните контакти.

Норвешка воведе остри патни рестрикции на почетокот на месецот за патници од Велика Британија поради појава на новиот вид на коронавирус, за кој се смета дека е попренослив од претходните видови.