Избркани учениците кои ја пцуеја професорката на онлајн настава

Двајца ученици се избркани од средното училиште „Владо Тасевски“, познато како ПТТ откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како еден од учениците ја пцуе и ја навредува професорката.



-Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето преку социјалната мрежа Фејсбук.