Денеска е Св. Игнат: Тоа што ќе го правите денеска ќе го правите цела година

Денеска се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година, бидејќи постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.

За овој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Ако некој ви побара пари, обидете се да не му позајмите, бидејќи тоа ќе ви се случува во текот на целата година.

Според преданијата, Господ подучувајќи ги своите ученици рекол: Кој ќе биде понизен како ова дете, тој е најголем во Царството небеско. Тоа дете бил Игнатиј.

Денеска не се прават никакви тешки работи, особено не се препорачува плетење и ткаење. Според преданијата, каква е личноста која прва ќе ви влезе во домот, таква ќе ви биде и целата година. Имено, оној што ќе влезе прв во куќата се верува дека носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро.

На овој ден многу луѓе ги започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово и затоа се нарекува и Прв Божик. Во минатото, во Скопје овој празник се сметал за голем празник. Се сечеле дрвја од три вида: зеленика, смрека и даб, а овие гранчиња се оставале под стреата и за идните празници се засилувал огнот во домот.

Многумина веруваат дека она што ќе го правите денеска ќе го правите во текот на целата година.