Connect with us

Инфо +

Груевски штотуку сподели тажен статус: Почивај во мир пријателе

Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, кој по пресудата да лежи во затвор за злоупотреба на функцијата, пребега на мистериозен начин во Унгарија, каде доби азил, се јави на Фејсбук да изрази жалење за смртта на Зоран Џорлев. Тој напиша:

-Пандемијата неповратно однесе уште еден мој голем пријател и драга личност но и човек кој беше во срцата на многу луѓе во Македонија и дијаспората.Зоран Џорлев беше една ретко толку многу позитивна личност, добар човек, многу чесен, хуман, успешен и супериорно талентиран во својата професија, кој талент го беше надоградил со многу работа, труд, одговорност, посветеност и силна верба.Познат музичар и композитор, одличен изведувач на неколку музички инструменти (гитара, труба, пијано, хармоника…), но најпознат како Маестро на виолина, естрадна личност на телевисизките екрани, водител на музичка емисија која ја афирмираше македонската народна песна и традиција, педагог и професор, голем патриот и горд Македонец.Со музиката секогаш и секаде го креваше расположението а со говорењето и присуството вбризгуваше позитивна енергија кај луѓето. Беше одличен и посветен директор на средното музичко училиште “Илија Николовски Луј” а подоцна и со огромен ентузијазам и креативност со голем успех беше на чело на легендарниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија “Танец”.Немав дилеми кога требаше да одберам кого да поканам како музичка група на мојата свадба ниту кога мојата ќерка Софија посака некој да ја подучува да свири виолина. Немаше дилеми ни кога требаше да се побара од некое компетентно лице да ја направи најдобрата селекција на музички композиции кои требаше да излегуваат од тогаш новата фонтана на која се наоѓа споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје каде движењата на водата од фонтаната и светлосни ефекти беа во ритмот на избраните композиции од Маестро Зоран Џорлев.Ја продолживме комуникацијата и по моето принудно доаѓање во Будимпешта. Последно, неодамна срдечно ми го честиташе именденот и по ништо неможев да почуствувам дека за само толку кратко време ќе не напушти. Тој остави голем траг во себе со кој си обезбеди вечна присутност и по смртта.Генерации и генерации ќе го слушаат и ќе уживаат во неговото музичко дело кое останува дел од богатството на македонската музичка изведба и композиторство. Таквите луѓе засекогаш живеат со нивното творештво и дух.Сочуство до семејството кои што имаат причина освен тажни за неговото прерано заминување, да бидат и горди на нивниот близок.Почивај во мир пријателе!(со Зоран Џорлев имам многу приватни, семејни и фотографии од службени настани, кои за жал не се со мене тука во Унгарија, па одбрав фотографија која самиот тој ми ја прати на 4.јули годинава при што напишал: “ја средувам по дома архивата и сакав да споделам:) Поздрав”. Во тој момент нити тој ниту јас не ни помисливме дека токму таа фотографија шест месеци подоцна ќе ја објавам во ваков тажен момент заради неговата прерана смрт)

Advertisement

Балкан

Бугарија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изрази резерва во врска со предлогот на Европската Унија да се користат замрзнатите руски средства како основа за финансиска поддршка на Украина, соопштија владите во заедничка декларација.

Четирите земји се согласуваат за трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека предложениот механизам бара внимателна правна и институционална проценка. Особено се истакнува примената на член 122 од Договорот за ЕУ, кој овозможува гласање со квалификувано мнозинство, што може да има далекусежни правни и финансиски последици во областите на надворешните работи и безбедноста.

Белгија посочи ризици за финансиските институции, вклучително и „Еуроклеар“, кој поседува значителен дел од замрзнатите средства, предупредувајќи дека земјата може да биде изложена на евентуални правни побарувања од Русија.

Претставниците на ЕУ ќе продолжат со дискусии за предложените измени, пред состанокот на Европскиот совет, со цел да се разгледаат алтернативни начини за поддршка на Украина, кои би го намалиле правниот и финансискиот ризик за земјите-членки. Одлуката на ЕУ за замрзнување на руските средства беше потврдена неодамна и има за цел да спречи земјите поблиски до Москва, како Унгарија и Словачка, да го блокираат користењето на овие средства.

Continue Reading

Свет

Силна експлозија во Франција – петмина повредени

Силна експлозија ја погоди приземјето на една помала зграда во градот Тревос, во близина на Лион, вечерва околу 18 часот, при што пет лица се повредени, објави „Фигаро“.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на фасадата на зградата, а спасувачките екипи брзо интервенирале. Жртвите добиле медицинска помош на лице место, додека педесет пожарникари со 36 возила и медицински служби биле мобилизирани за да им пружат помош на повредените.

Како мерка на претпазливост, средното училиште лоцирано во непосредна близина било веднаш евакуирано. Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Continue Reading

Свет

Фолксваген стави крај на автомобилското производство во Дрезден

Фабриката на Фолксваген во Дрезден, позната како „Транспарентна фабрика“, ќе ја прекине производството на автомобили, а последното возило ќе излезе од производната лента во вторник, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката е дел од стратегијата на германскиот производител за намалување на трошоците и оптимизација на работењето во Германија. Компанијата минатата година најави намалување на бројот на вработени за 35.000, а финансиските предизвици се делумно резултат на намалената побарувачка на кинескиот пазар и промените во американската трговска политика, пренесува Seebiz.

Идната улога на фабриката ќе биде иновациски кампус кој ќе ги обедини ресурси на VW групацијата, сојузната покраина Саксонија и Техничкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden). Просторот ќе се фокусира на развој на вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника и дизајн на чипови, при што универзитетот ќе заземе речиси половина од објектот.

Фолксваген и TU Dresden планираат заеднички инвестиции од над 50 милиони евра (58,3 милиони долари) во следните седум години, со цел да се поттикнат иновациите и истражувањето во високотехнолошки области.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг