Само 2925 луѓе ќе се вакцинираат: Во февруари пристигнуваат 5850 анти-ковид вакцини

5850 вакцини против корона вирусот ќе пристигнат во февруари, извести мЗ. Во меѓувреме според пресметките, овие вакцини ќе можат да ги примат само 2925 граѓани бидејќи за еден граѓанин потребни се две дози кои се примаат последователно според предвидениот рок.

„Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, истакнуваат од Министерството.

За количината на вакцините реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Антиковид вакцините нема да бидат задолжителни, но според информациите се зборува дека на ниво на авикомпании се размислува да се воведе таканаречен Ковид пасош со кого пред летот патникот ќе треба да покаже доказ дека е вакциниран или дека го прележал вирусот.