Тимотеј: Коледарчињата да останат дома годинава

Коледарчињата треба да си останат дома оваа година поради опасноста од ширење на коронавирусот, изјави за Плусинфо митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

– Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик сакам да им порачам на коледарчињата да си останат во своите домови и оваа година да ја прескокнат традицијата. Такво е времето, мора да се штитиме од коронавирусот. Исто така, литургијата за Божик ќе се служи со голема претпазливост и со почитување на мерките за заштита од пандемијата. Во храмовите ќе се запазува дистанцата, а сите присутни ќе носат заштитни маски на лицата – изјави г. Тимотеј.

Во Куманово веќе е откажана традиционалната прослава на Бадник која секоја година е во организација на здружението на граѓани „Коледари“.