Connect with us

Инфо +

Полицијата растури собир во црква во Брвеница, свештеникот и верниците однесени во станица

Од Министерството за внатрешни работи велат дека постапувале по пријава, а при увид биле затекнати повеќе од 15 лица кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот. Учесниците, заедно со одговорното свештено лице на црквата, биле повикани во станица.

За настанот, ќе следуваат и казни.

– На посоченото место веднаш се испратени служби на СВР Тетово, кои ги презеле сите потребни мерки и веќе се идентификувани петнаесетина лица, кои присуствувале на собирот, а во Полициската станица Тетово повикано е и одговорното свештено лице на црквата. СВР Тетово продолжува со идентификување на сите инволвирани и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – велат од МВР.

Полициска патрола и вчера растури собир покрај бадникарски оган во скопското село Орман. Сите учесници на настанот беа спроведени во полициска станица и ќе им бидат поднесени пријави. Министерството за внатрешни работи апелираше до граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат мерките за справување со ковид-19.

Advertisement

Балкан

Блокадите низ Грција продолжуваат, земјоделците ја одбија поканата за средба со Мицотакис и бараат конкретни мерки

Протестите и блокадите на патиштата во Грција продолжуваат, откако земјоделците одлучија да не ја прифатат поканата на премиерот Кирјакос Мицотакис за средба. И покрај повиците за дијалог од страна на владата, земјоделските здруженија оценуваат дека понудените разговори не носат конкретни решенија за нивните барања.

Земјоделците и понатаму ги држат блокирани клучните сообраќајници, автопати и гранични премини, инсистирајќи на итни мерки за намалување на трошоците за производство, поволни даночни услови и поддршка за справување со зголемените цени на горивата и енергенсите. Тие нагласуваат дека без јасни и обврзувачки гаранции, средбите со владините претставници би биле само формалност.

Од друга страна, грчката влада порачува дека е отворена за дијалог и дека веќе се разгледуваат одредени олеснувања, но предупредува дека долготрајните блокади нанесуваат штета на економијата и ја нарушуваат секојдневната мобилност на граѓаните.

Синдикалните организации на земјоделците најавуваат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови, доколку не добијат конкретни предлози што ќе одговорат на нивните барања. Во меѓувреме, состојбата на патиштата низ земјата останува променлива, со периодични затворања и засилени полициски контроли.

Протестите на земјоделците во Грција траат веќе неколку недели и се дел од поширок бран незадоволство поради економските притисоци врз земјоделскиот сектор, кој се соочува со сериозни предизвици во услови на инфлација и раст на трошоците.

Continue Reading

Балкан

Бања Лука ги заострува чекорите против загадувањето: новогодишните празници без огномет

Поради алармантното загадување на воздухот, градските власти во Бања Лука најавија нов сет поригорозни мерки, меѓу кои и одлуката годинава да нема новогодишен огномет. Градоначалникот Драшко Станивуковиќ изјави дека ваквата одлука е донесена по консултации со стручни лица и дека сериозноста на состојбата бара решенија какви што досега не биле применети.

Како една од клучните мерки, Станивуковиќ го најави задолжителното поставување филтри на оџаците на сите индивидуални и колективни камини, кои во зимскиот период се меѓу најголемите извори на загадување. По утврдување на конечната цена, градот ќе разгледа можност за субвенционирање, со цел да се олесни имплементацијата на оваа обврска.

Покрај укинувањето на пиротехниката за време на празниците, градоначалникот апелираше и до граѓаните да се воздржат од индивидуална употреба на огномети и петарди. Воедно, најавено е воведување електрични автобуси, зголемување на субвенциите за јавен превоз и заострување на техничките прегледи на моторните возила, со цел да се намали сообраќајното загадување.

Градската управа ќе ги засили инспекциските контроли на сите потенцијални загадувачи, без исклучок, како и надзорот над емисиите на штетни гасови. Новиот пакет мерки ќе биде предложен на итна седница на Градското собрание.

Паралелно со тоа, Бања Лука продолжува со веќе започнатите зелени проекти, вклучувајќи изградба на зелени бариери и дрвореди, проширување на системот за централно греење, садење илјадници дрвја и развој на урбана мобилност преку велосипедски патеки, електрични велосипеди и подобрен јавен превоз.

Станивуковиќ посочи дека проблемот со загадувањето е дополнително усложнет поради географската положба на градот и нарушениот природен проток на воздух по изградбата на хидроцентралата во Бочац, но нагласи дека тоа не смее да биде изговор за неактивност.

„Чистиот воздух не е политичко, туку здравствено прашање. Бања Лука мора да стане град во кој може да се дише слободно, денес и во иднина“, порача градоначалникот, најавувајќи соработка со републичките институции за долгорочни и одржливи решенија.

Continue Reading

Свет

Делхи воведува строга еко-мерка: старите автомобили остануваат без гориво

Од 31 март 2025 година, бензинските пумпи во индискиот главен град Делхи повеќе нема да смеат да полнат гориво во возила постари од 15 години. Новата мерка е дел од засилените напори за справување со сериозното загадување на воздухот, поради кое Делхи редовно се вбројува меѓу најзагадените метрополи во светот.

Според „Индијан експрес“, бензинските станици ќе бидат опремени со системи за вештачка интелигенција кои автоматски ќе ги препознаваат возилата што не ги исполнуваат еколошките стандарди и ќе го блокираат точењето гориво. Проценките покажуваат дека ограничувањето ќе опфати околу 100.000 регистрирани возила во град со над 21,5 милиони жители.

Паралелно со оваа мерка, градските власти најавија интензивна електрификација на јавниот превоз. Во текот на следната година, планирано е дури 90 проценти од автобускиот возен парк да биде заменет со околу 8.000 електрични автобуси, наместо сегашните кои главно користат компримиран природен гас (CNG). Целта е значително намалување на емисиите и подобрување на квалитетот на воздухот.

Инаку, Делхи и досега имаше формална забрана за сообраќај на бензински возила постари од 15 години и дизел возила постари од 10 години, но таа не се применуваше строго. Претходната градска власт на партијата Аам Аадми (ААП) беше критикувана поради недоволна контрола, додека новата администрација на хинду-националистичката БЏП, која ја презеде власта во февруари, најави решителни чекори за заштита на животната средина.

Иако мерките се вклопуваат во глобалниот тренд кон почиста мобилност, тие отвораат и прашања за социјалното влијание, особено врз граѓаните кои немаат финансиска можност да заменат старо возило со поново или електрично.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг