Connect with us

Инфо +

Со две минимални плати не може да се истурка месецот

Published

on

Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. Така, на едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расне  што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Така, во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар. Од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци, односно ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар, веќе во ноември за подмирување на основните потреби му биле потребни 951 денар повеќе.

Од друга страна, вредноста на кошницата во ноември годинава во однос на првата пресметана и објавена вредност на минималната кошница во декември 2010 година, е повисока за 4.543 денари.

– Вредноста на синдикалната минимална кошничка која ја пресметува ССМ најдиректно покажува дека минималната плата не е доволна ниту само за храна и пијалоци, знаејќи дека најголем број на работдавачи кои исплаќаат плата во висина на минималната плата, не исплаќаат додатоци и надоместоци на плата, туку истите ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што е незаконски. Меѓутоа, исхраната и пијалоците не се единствениот трошок за нормално функционирање на едно семејство, а пресметките покажуваат дека ниту две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница која изнесува 33.742 денари во ноември 2020 година, велат од ССМ

Македонија

Омерагиќ: Битола е клучен центар за иднината на македонскиот фудбал

Published

on

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во „Куќа на фудбалот“ оствари значајна средба со легендите на македонскиот фудбал – Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.

Фокусот на разговорите беше насочен кон фудбалската состојба во Битола и регионот, развојот на младите таленти, како и иднината на ФК Пелистер. Посебно внимание беше посветено на стадионот „Тумбе кафе“, кој се разгледува како потенцијална база за младите македонски репрезентации.

Во соработка со градоначалникот на Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, ФФМ активно работи на планот Битола и „Тумбе кафе“ да бидат домаќини на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Со вакви иницијативи и поддршка од легендите на македонскиот фудбал, минатото и сегашноста се обединуваат за градење на силна фудбалска иднина. Битола, како фудбалски град, со нетрпение го очекува големиот натпревар на 9 септември – Македонија против Италија.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: По 41 година, Бистрица добива нова спортска сала

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на поранешниот културен дом во населеното место Бистрица, кој ќе прерасне во современа спортска сала.

Објектот, кој со децении беше во руинирана состојба и надвор од функција, конечно ќе добие нов лик и мултифункционалност, исполнувајќи ги долгогодишните барања на жителите.

„После 41 година, оваа зграда повторно ќе заживее, обезбедувајќи простор за спортски и културни активности. Со овој проект создаваме нови можности за младите и го зајакнуваме животот во околните населени места. Инвестираме 37,6 милиони денари за да изградиме функционален и современ објект“, изјави Коњановски.

Проектот предвидува модернизација на објектот со нови конструктивни елементи и оптимална организација на просторот. Приземјето ќе биде наменето за спортски активности, а галеријата ќе остане како гледалиште за културни манифестации.

Реконструкцијата на салата во Бистрица е еден од приоритетните проекти на локалната самоуправа, кој ќе придонесе за развојот на спортот и културата во регионот.

Continue Reading

Инфо +

Муцунски го бодреше Престон Лајонс во Мелбурн

Published

on

Министерот за надворешни работи и трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија.

Во црвено-жолта боја, заедно со македонската заедница во Мелбурн, Муцунски навиваше за тимот кој е симбол на спортскиот дух и гордост на Македонците во Австралија.

„Вистинска чест беше да го бодриме клубот кој ги обединува нашите иселеници и ја негува македонската традиција преку спортот. Престон Лајонс е успешен спортски модел и пример за сплотеност и заедништво“, истакна министерот.

Настанот беше и можност за средба со истакнати стопанственици со македонско потекло, кои со својата поддршка придонесуваат за развојот на клубот и за зајакнување на врските меѓу Македонија и македонската заедница во Австралија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк