Ташев: Секој со кој сме испиле по три ракии во Македонија на крајот призна дека е Бугарин!

Спас Ташев, експерт за статистика и демографија во Бугарската академија на науките (БАН), тврди дека Македонците под дејство на алкохол признаваат дека се Бугари!

„Точно е, ние сме во посилна позиција, а дозволуваме како на времето Титова Југославија, а денес Северна Македонија, да му се прикажува на светот како жртва на бугарскиот национализам. Живеев четири години во Македонија. Верувајте ми – со секој со кој сум седнал на маса и сме испиле по три ракии на крајот призна дека е Бугарин. Меѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Никола Груевски секој во четири очи велеше дека е Бугарин. А на меѓународните средби скокаат како декларирани антибугари. Огромен комплекс е тоа!“, изјави во интервју за весникот „Марица“ основачот и прв директор на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје.