Задолжителна кацига, рефлектирачки елек од мрак до разденување, возење само на велосипедска патека или тротоар

Со новите правила, кои важат од 1 јануари 2021 година, се регулира управувањето на електричните тротинети:

– Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.
– Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден зад друг.


– Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.


– На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.


– Возачот на електричен тротинет може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.

Повеќе на https://www.fakulteti.mk/mobile/news/08012021/novi-pravila-za-e-trotineti-zadolzhitelna-kaciga-reflektirachki-elek-od-mrak-do-razdenuvanje-vozenje-samo-na-velosipedska-pateka-ili-trotoarhttps://www.fakulteti.mk/mobile/news/08012021/novi-pravila-za-e-trotineti-zadolzhitelna-kaciga-reflektirachki-elek-od-mrak-do-razdenuvanje-vozenje-samo-na-velosipedska-pateka-ili-trotoar