Награда за секој што ќе пријави лице кое не е тестирано на кopoнавиpyc

Кинескиот град Нангонг понуди награда од 500 јуани (77 долари) за секој што ќе пријави граѓанин кој не е тестиран на кopoнавиpyc.

Локалните власти дадоа таква понуда бидејќи милиони луѓе во градот и околната провинција Хебеи се тестираат во рамки на напорите да се стави под контрола најновото избивање на епидемиjaта на Koвид-19.

Кина долго време го контролира локалното пренесување на вирусот со воведување мерки, кои многумина ги сметаат за екстремни и многу наметливи, како на пример „локдаун“ на цели градови, електронско следење на движењето на луѓето и забрана за внатрешни патувања.