Спасовски за ТикТокерите: Мислат дека се мангупи а уствари тоа се класични бандити

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како одговор на новинарско прашање рече дека сите оние кои на социјалните мрежи сакаат да се претстават како мангупи, уствари се бандити.

„Сакаат да се покажат мангупи, уствари тоа се класични бандити кои ништо друго не знаат да направат“, искоментира Спасовски давајќи оценка за сообраќајната култура на заедничката прес-конференција со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Министерот потсети дека сега во законот постојат одредби кои на полицијата и овозможуваат одземање на возилата, што дополнително ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи и прекршоци.