Tест за интелигенција составен од 3 прашања: Дали вие го знаете одговорот?

Оние кои постојано сакаат да си ги откриваат и испитуваат сопствените граници на размислување ќе го обожаваат овој тест за интелигенција.

Прогласен за најкраткиот IQ тест, содржи само 3 прашања чиј одговор не е така очигледен како што мислите. Во испитувањата само 33% од луѓето одговориле точно, останатите промашиле барем еден одговор. Во која група спаѓате вие?

1. Палка и топче чинат 1.10 евра. Палката чини 1 евро повеќе од топчето. Колку чини топчето? (10 центи не е точниот одговор).

2. На 5 машини им требаат 5 минути за да изработат 5 предмети. Колку време ќе им треба на 100 машини за да направат 100 предмети? (100 минути не е точниот одговор).

3. Во едно езеро има водни лилјани. Секој ден нивниот број се дуплира. Ако требаат 48 дена за целото езеро да се наполни и покрие со лилјани, колку денови се потребни за да биде покриено само до половина? (24 денови не е точниот одговор).