Приведен Кpадец кој маcкиран со бел чаршав огpабил автомат за игри на сpеќа во тетовско

„На 9 јануари во 8 часот Д. С. од Јанчиште пријавил дека во објект – кафе-бар, каде имало поставени и апарати за игри на среќа, во периодот од 1.30 до 7.20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Лицето првин ја отворило влезната врата, а потоа отворило еден од автоматите за игри на среќа. Од автоматот одзел 67.140 денари, дел во евра, а дел во денари. Нешто подоцна, околу 13 часот, поради сомнение дека извршил кражба, приведен е Г. Б. (45) од истото село“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На снимката направена од безбедносната камера во кафе-барот се гледа како едно лице, целото прекриено со бел чаршав, влегува во објектот, мислејќи дека така маскиран не ќе може да го препознаат. Но, тоа не било доволно па полицијата брзо му влегла во трага на крадецот, кој бил од истото село и го привела.

Полицијата не соопштува како успеала да го открие крадецот.