Богојавление (Водици) неработен ден , за прв пат по 30 години, нема да има собири

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците(„Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

За прв пат во овие три децении, Водици ќе помине без спуштање на светиот крст во реките и езерата. На 19-ти јануари 2021 година ќе ги нема масовните манифестации, а Богојавление ќе помине во кругот на храмовите, порачаа од Македонската православна Црква. Од МПЦ со апел до верниците да ги почитуваат мерките и за време на верските празници во црква да одат со маска и да бидат на соодветно растојание. Со порака до граѓаните и лекарите, особено оние кои десет месеци постојано гледаат пациенти кои молат за спас, но и плачот на семејства кои изгубиле близок – Да бидеме одговорни за време на празничниот период.

-Видовме многу човечки судбини овој период, изгубивме многу пациенти, да послушаме и за празниците да останеме во кругот на семејството, овој период имаме надолен тренд и на хоспитализации и на луѓе кои го изгубија животот што е најважно, и да се потрудиме тој тренд и да продолжи, вели др. Иван Видиниќ, инфектолог во Клиника за Инфективни болести.

Податоците од Инфективна покажуваат дека последната недела имаат за 20 до 30 проценти намалување на амбулантски прегледи, но капациентите за хоспитализација се речиси полни. На Клиниката овој период примаат и лица кои велат дека по втор пат ја добиле болеста, иако првата инфекција им поминала само со позитивен тест без симптоми.

– Дали за толку краток период навистина успеале двапати да ја добијат заразата ќе видиме. Ќе трбаат анализи и студии за оваа тема, знаете, понегоша и тестовите не се 100 посто сигурни па имаме лажно позитивни или лажно негативни. Првиот пат нермале симптоми а сега развиле клиничка слика, вели Видиниќ.