На Светско без Манасков, Борко, Џомба: Кире и Столе ќе ја водат Македонија

Светската ракометна федерација потврди дека е направена замена меѓу учесниците на Светското првенство во Египет. 
„Македонија како прва замена доаѓа на местото на репрезентацијата на Чешка која поради Ковид причини беше принудена да го откаже учеството на мундијалот“ објави ИХФ на својата официјална страна.

Македонија на СП ќе биде во група со домаќинот Египет, со репрезентацијата на Чешка и со екипата со која во Скопје двапати одиграме пријателски натпревари – Чиле. 
Од оваа група три репрезентации продолжуваат во главната рунда, една ќе оди во Президент Куп. Распоредот на натпреварите на Македонија е следниов:

Нашите најдобри ракометари својот прв дуел ќе го играат во четврток од 19 часот против Шведска, подоцна на 16 јануари ќе се сретнеме со домаќинот Египет а групната фаза ја затвораме со Чиле на 18 јануари.

Токму против Чиле остваривме две победи во Скопје, одиграни како генерална проба на Јужно-американците пред Светското. Во втора фаза одат по три селекции од секоја група, а нашата подоцна вкрстува со Х каде се Словенија, Белорусија, Русија и Јужна Кореја.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде седмо учевство на најголема сцена. Првиот настап го имавме во 1999 година токму во Египет, а потоа следеа СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија, СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција и СП 2019 во Данска и Германија.

Најдобриот резултат на Македонија на еден Мундијал е деветтото место во 2015 година. За оваа генерација, СП 2021 во Египет ќе биде седми голем светски настан во низа.

Распоред на натпревари:

14 јануари – Шведска – Македонија во 21:30 часот
16 јануари – Египет – Македонија во 19 часот
18 јануари – Македонија – Чиле во  16:30 часот