„Ако ви е скапо 160ден. патарина до Штип, одете преку Велес и локални патишта“ – Вели Министерот

На новинарското прашање околу најавената четирикратно повисока цена на поатарините на автопатот Скопје -Штип, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски со „соломонско решение“:

„Секој граѓанин одлучува дали ќе патува по автопат каде што се плаќа патарина или преку регионален пат каде нема патарини. Граѓаните од источниот регион имаат можност да патуваат преку Велес, преку друг тарифник за наплата на патарини или преку регионални патишта каде нема патарини“.

Уште две нови патapини: Граѓаните ќе плаќаат дополнителни 160 денapи во правец

Следниот месец почнува изградбата на 2 те нови патарини на автопатот Скопје-Штип. Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од 47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објавува Сител.

Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините.

Инаку, Koвид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60% пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто. Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.