Еве каде да гледате Македонија – Шведска

Првиот противник на македонската ракометна репрезентација во Египет, Шведска практично со Б-тим ќе настапува на Светското првенство, откако дури девет ракометари на 2викинзите“ го откажаа учеството.

Македонија со Шведска ќе се соочи од 20.30 часот, а Швеѓаните се без Никлас Егберг, крилото на европскиот првак Кил, кој објави дека нема да игра со националниот тим, додека неговите клупски и репрезентативни соиграчи Јаспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон не патуваат откако процениле дека е преризично да одат на Северот на Африка.

Натпреварот ќе биде на МРТ1 од 20:25

http://play.mrt.com.mk/live/42

https://webtv.a1.mk/mtv1