ПРЕД НАС СЕ НАЈСТУДЕНИТЕ НОЌИ ДОСЕГА ОВАА ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од среда се очекува постепен пораст на температурите на воздухот, што значи очекуваме омекнување на времето и повлекување на поларниот бран.

Претстојната ноќ кај нас ќе биде најстудената досега оваа зима кога температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата а облачноста насекаде ќе се намали

. До утре изутрина вредноста на температурите ќе се спушти во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде, особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и до околу -20 степени

. Понатаму времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.