Државата ќе дели помош за пвц прозори, печки на пелети, сончеви колектори…

✅ Сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;

✅ ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања;

✅ Печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;

✅ Фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.