Вечерва се отвора небото: Замислете желба и направете го ова!

Според верувањата, вечерва точно на полноќ, во очи на големиот христијански празник Водици, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог им ги исполнувал желбите кои кора да бидат јасни.

Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Од таа вода да се налеело, можело да се лекуваат многу болести. За осветувањето на водата и за чудесата на осветената вода Св.Јован Златоус во својата беседа за крштевањето вели: „Овај е ден во кој Христос се крсти и ја освети природната вода. На полноќ на овој празник сите црпат вода и ја носат во своите домови и ја чуваат со години. Водата не се расипува“.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

Водици традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Поради пандемијата, Водици година ќе се празнува без положување на светиот крст. Полицијата најави дека ќе спречува собирања.