Збогум сиромаштијо: Пензија за јануари ќе биде повисока за 185 денари

Насловот е иронија ..

Со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето, што значи зголемување на минималната пензија за 134 денари, а на просечната за 185 денари месечно. На годишно ниво тоа е е околу 2 200 денари.

Вакво усогласување со трошоците за живот пензионерите ќе добиваат два пати во годината и дополнително со растот на бруто домашниот производ, како трет механизам, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во гостување на ТВ 24.

„Во собраниска процедура се 4 закони: за работни односи, за јавна администрација, за здравствена заштита и за вработени во високото образование. Сите тие се дел од пакетот закони кои што предвидуваат пензионирање со 64 години возраст и 15 години работен стаж, предложени од пратениците.

Конкретно за Законот за работни односи има поднесено 480 амандмани, а  најголем број од нив се однесуваат на тоа кога да се почне со имплементација на законското решение“,