Дојде од Америка и ни направи нова куќа во Кичево -„Куќата од кал се распадна“

Печалбар дојде во Кичево и направи нова куќа за семејство кое живее во стара трошна куќа со кал

Луѓето без луѓе не можат! Ако еден на друг не помогнат, нема среќа за никој од нив.

Деветчленото семејство Салиу од село Бачишта кичевско живеело во една стра трошна куќа изградена со кал и прачки, со два кревета без кујна и тоалет, па кога за ова дознал печалбарот кичевчанец од село Зајас кој живее и работи во САД, тој од свој џеб им изгради нова куќа на семејство Салиу , односно донирал 12.000 долари.

За да се докомплетира новоизградената куќа помогнале и неколку други кичевски бизнисмени. Донаторот инсистира да не му се објави неговото име. Јас оваа донација ја давам од хумани причини, а не за афирмација. Ќе бидам среќен ако и тоа семејство барем за момент се чувствува среќно, изјавил донаторот.

Семејсвото Салиу од ова кичевско село Бачишта изразува благодарност до хуманиот човек но и до сите други хумани луѓа кои помогнаа тие да се преселат во новата куќа.

Иницијативата за да му се помогне на ова семејство потекна од група интелектуалци од овој регион на Кичево, кои знаеле за тешкотиите со кои се соочувало и решиле да побараат помош.