Connect with us

Инфо +

ИМАШ ЛИ ТИ КУЌА?Ајде прибирај се – Мајка ти ја бараш таму?? изреки на сите мајки, кои ќе ве насмеат и ќе ве потсетат на вашето детство

Published

on

1. Ќе сфатиш кога ќе пораснеш! 2. Облечи ги чевлите, ќе настинеш преку нозете! 3. Облечи маица, гол ти е грбот, ќе ти се разболат бубрезите! 4. Сто пати сум ти рекла да не се лулаш на столот. 5. Таму каде што ги фрли, таму барај ги. 6. Завршив со училиште пред 20 години и ден денес ја паметам таблицата за множење. 7. Јас кога бев на твои години… 8. Не ме интересираат другите деца, туку ти! 9. Затоа што јас така кажувам, ете затоа! 10. Гледај ме во очи додека ти зборувам! 11. Гледаш ли ти колку е часот? 12. Кој кого родил, јас тебе или ти мене? 13. Ќе си го добиеш своето кога ќе стигнеме дома. 14. Затвори ја вратата, не си роден на брод. 15. Ист/а си како татко ти… 16. Ќе разбереш кога ќе дојдеш на мои години.


17. Еден ден и ти ќе имаш деца, па ќе видиш! 18. Додека ти купувам јас, ќе се облекуваш така. Ако сакаш да ја следиш модата, оди заработувај свои пари. 19. Да не сум те слушнала да кажеш „не сакам“!


20. Твојата единствена обврска е да учиш. 21. Намали ја музиката! Да не ти дојдам јас во собата да ја намалам! 22. Внимавај како зборуваш со мене. 23. Паметот во глава! 24. Ќе се сетиш ти на моите зборови…


25. Имаш ли ти куќа? 26. Додека си под мој покрив… 27. За една секунда да се нацрташ пред мене!
28. Заработи, па троши! 29. Не излегувај со мокра коса, ќе добиеш воспаление на мозокот. 30. Додека се мали пијат млеко, а кога ќе пораснат, пијат крв. 31. Ќе ми платиш ти мене за ова! 32. Мама е секогаш во право! 33. Тргни се од пред екранот, татко ти не е стаклар. 34. Не се смеј толку, зашто ќе плачеш! 35. Влегувај дома, да не слезам јас! 36. Ако сите скокнат во бунар, ќе скокнеш ли и ти? 37. На кој зборувам јас, на тебе или на ѕидот? 38. Ех да го имам овој памет и твоите години… 39. Не трескај ги вратите! 40. Што гледаш како теле во шарена врата?

Балкан

Молотови, оружје и униформи пронајдени близу РТС – Подготовка за хаос?

Published

on

Српската полиција во украден автомобил во близина на РТС пронашла оружје, маскирни униформи и молотови коктели. Автомобилот бил украден во Босна и Херцеговина и бил со лажни регистарски таблички.

Полицијата наскоро ќе излезе со официјално соопштение по овој повод.

Continue Reading

Европа

Зеленски откри која е единствената членка на ЕУ која го блокира влезот на Украина

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија е единствената земја-членка на Европската унија која го блокира влезот на Украина во овој блок.

„Што се однесува до Европската унија, единствената земја која го блокира нашето членство е Унгарија“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека конечниот договор за завршување на војната ќе вклучува и економски гаранции за Украина, вклучувајќи членство во ЕУ, што тој го смета за клучно.

„Членството во ЕУ е точката број еден на економските гаранции за Украина. Нема алтернатива и нема дискусија. Не се против ни САД, ни земјите-членки на Европската унија, кои исто така го поддржуваат ова, освен една земја“, нагласи Зеленски.

Притоа, тој изрази уверување дека Унгарија ќе се повика на политиката на САД во врска со конечната одлука.

Continue Reading

Свет

Американските разузнавачи открија детали од планот на Путин

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од својата амбиција да ја контролира Украина, и покрај напорите на САД да посредуваат за постигнување на прекин на огнот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на извори запознаени со доверливите извештаи на американските разузнавачки служби.

Според еден американски функционер, Путин има „долгогодишна желба да ја обнови ‘Мајката Русија’“ и останува решен да ја воспостави контролата врз Киев.

Оваа проценка беше вклучена во разузнавачките извештаи доставени до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 6 март.

Некои официјални лица веруваат дека дури и доколку Русија се согласи на привремен прекин на огнот, Москва би ја искористила паузата за повторно вооружување, кршење на договорот и извршување провокации кои потоа би ги припишала на Украина.

Пред три дена, за време на преговорите во Џеда, Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот, под услов Русија да го стори истото. Овој договор доведе до обновување на воената и разузнавачката поддршка од страна на Вашингтон за Киев.

Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот, но само ако Украина ја прекине мобилизацијата, воената обука и увозот на оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли условите на Путин како „руска манипулација“ и повика на посилни санкции против Москва.

Трамп, кој претходно предупреди на „погубни“ финансиски последици за Русија доколку војната се продолжи, вчера изјави дека изјавата на Путин е „многу ветувачка“, но „не е целосна“.

Европски разузнавач за Вашингтон пост изјави дека Москва го гледа Трамп како слаб, непринципиелен и потенцијално подложен на манипулации, врз основа на последните разузнавачки информации.

Ако се постигне траен прекин на огнот, Русија најверојатно ќе се врати на „хибридни“ методи како пропаганда, економски притисок и сајбер напади кои ги користеше против Украина пред инвазијата во 2022 година, додаде функционерот.

Американските власти се уште се внимателни во проценката на можните мировни услови што Путин би можел да ги прифати, но не гледаат знаци дека тој се откажал од своите напори да го врати Киев под руска контрола.

Западни безбедносни извори за Блумберг претходно изјавија дека Путин поставил „максималистички“ барања за територијални отстапки, мировни сили и украинска неутралност, свесен дека овие услови се неприфатливи за Киев и европските земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк