Поради лекарска грешка 2-годишната Амила има церебрална парализа


2 години по раѓањето малата Амила речи си и да нема излезено од болница. Семејството Несимовски од Дебар тврди дека е жртва на лекарска негрижа на струшкиот гинеколог Мухамед Асани. 5 дена пред Нова Година во 2018та по прегледот кај матичниот гинеколог во Дебар, мајката Сенида била предупредена дека бебето е замотано во својата папочна врвца и дека е потребно итно да биде породена со царски рез во Струга. Татко Бајрам воопшто не губел време и со сопругата веднаш заминал во Струга каде го пречекал докторот Асани.



Само што ја примил за пораѓање, од таткото побарал 100 евра во кеш.



Бајрам добил уверување од доктор Асани дека состојбата е во ред и му рекол дека нема простор за грижи. Цели 8 часа не успеал да добие никаква информација за својата сопруга. Дека работата не е како што треба му станало јасно кога доктор Асани излегол од породилната сала и му ги вратил 100те евра кои Бајрам му ги дал пред пораѓањето без да му каже ништо. Дека детето ќе има проблеми на Бајрам му навестил предијатарот кој прв го прегледал бебето.