Аеродромци ќе играат голф на терени вредни 2,5 милиони евра

Во руралниот дел на Општина Аеродром односно во селото Лисиче ќе се прават голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Терените ќе се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.

„Успеавме да пронајдеме соодветен простор односно земјиште кое досега се користело како дива депонија. Овој простор е соодветен за вакви терени. Просторот ќе го зазелениме, нема да има шанси во иднина да прерасне во градежна парцела за објекти, а воедно и ќе го уредиме и ќе го развиеме овој спорт“, вели Александар Георгиевски, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Со терените ќе стопанисува Општината односно јавното претпријатие за развојни проекти од локално значење, кое ќе биде прво од таков тип, пренесува СДК.