Европски cyд пресуди дека нoceњето мacка на jaвно мecто е нeycтавно

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова го објавија белгиските медиуми со образложение дека Обвинителството се жали на одлуката.

Се наведува дека судот донел пресуда за случајот на маж за кого полицијата констатирала дека не носи маска додека бил во кланица во една од населбите во главниот град.

Според судот, барањето да се носи маска на јавни места произлегува од владината резолуција, несоодветна со основниот закон.

Како што пренесува Брисел тајмс, судија истакна дека условот да се носи маска не ги зема предвид околностите – дали нарушувањето е направено на отворено или во затворено. Судот утврди дека е соодветно да се воведат ограничувања на личните слободи во обидите да се стави крај на пандемијата, но инсистираше да се направи разлика помеѓу условите во кои е констатирано нарушувањето.

Се очекува белгиската Влада денеска да донесе одлука со која до март се забрануваат несуштински патувања надвор од земјата.